Познато е почивалиштето на Хју Хефнер

Основачот на Playboy почина на 91-годишна возраст, а местото на неговото почивалиште веќе е познато.

Имено, Хју Хефнер во 1992 година за 75.000 долари купил гробно место на гробиштата Westwood memorial park, каде почиваат најголемите филмски и телевизиски ѕвезди во историјата.

Хефнер ќе биде погребан во гробницата покрај Мерилин Монро, филмска икона што се појави на насловната страница на првиот број на Playboy и Хефнер го направи славен. Тоа беше во 1953 година, а култното списание беше продадено во педесет илјади примероци за само неколку дена.

Датумот на погребот е сеуште непознат, а неговиот син Купер им се обрати на медиумите, велејќи дека неговиот татко има возбудлив живот и дека на неговите деца и сопруга ќе им недостасува.