Познатиот глумец ја запроси ќерката на Шварценегер

Познатиот глумец ја запроси ќерката на Шварценегер

Крис Прет ја запроси Кетрин Шварценегер, а таа го кажала судбоносното “да”, додека убавата вест славниот глумец ја сподели на Инстаграм.

Ѕвездата “Чувари на галаксијата” ја објави фотографијата со новата вереница, ќерката на Арнолд Шварценегер, а таа го покажа огромниот прстен на левата рака.

 

“Драга Кетрин, толку сум среќен што рече “да”! Воодушевен сум што ќе се омажиш за мене”, напиша Крис.

Парот е во врска од јуни минатата година, а од 2008 до 2017 година тој беше во брак со Ана Фарис, а парот го има и заедничкиот син Џек.

View this post on Instagram

SLD FALL/WINTER 2018 (part 1) #sheryllowejewelry

A post shared by Katherine Schwarzenegger (@katherineschwarzenegger) on