Познати музичари позираа со своите деца за „Harper’s Bazaar“

„Harper’s Bazaar“ покани успешни музичари да снимат фотосесија за најважното издание на списанието – септемвриското.

Мараја Кери, Кристина Агилера, Кание Вест, Стивен Тајлер, Лајонел Ричи, Брус Спрингстин и Ерика Баду позираа со своите деца за едиторијалот насловен „ИКОНИ: Првите семејства на музиката“.

Музичките ѕвезди споделија желби и совети кои ги имаат за своите чеда.

„Обожавам што сум мама-мечка и што им пружам поддршка, сила и безбеден рај на моите бебиња и сакани личности, знаејќи дека, пред сè, тоа е најважната работа која ја имам“ – Кристина Агилера.

„Се надевам дека моите деца никогаш нема да ја изгубат довербата во општеството“ – Кание Вест

„Семејството ми е најважно. Децата ми даваат таква радост и имаат развиено сопствени уникатни карактери“ – Мараја Кери.

„Мојот најдобар совет за ќерка ми: Насочи го фокусот кон она што најмногу го сакаш“ – Брус Спрингстин

„Посакувам моите деца да откријат кои се и да ги истражат нивните страсти во целост“ – Лајонел Ричи.

Во видеото се појавуваат и ќерката на Стивен и Лив Тајлер и ќерката на Мајкл Џексон.