Позитивни страни на лубеницата, има и тоа многу!

Позитивни страни на лубеницата, има и тоа многу!

Лубеницата не е „само вода и шеќер“, туку вистинска ризница од витамини и минерали. Богата е со витамини Ц и А, содржи и други важни хранливи состојки. Во 100 грама лубеница има само 30 калории.

Зошто треба да се освежите со лубеница во летниот период?

1. Помага во хидратација на организмот

Освен што треба да пиете вода, консумирањето храна со голем процент на вода може да помогне во хидратација на организмот. Лубеницата содржи 92 проценти вода и мало количество растителни влакна што значи дека релативно брзо ќе се заситите.

2. Богата е со хранливи состојки

Во 150 грама лубеница има околу 45 калории, но ќе задоволите 21 процент од дневните потреби за витамин Ц, 18 проценти од дневните потреби за витамин А, 5 проценти од дневните потреби за калиум, 4 проценти од потребите за магнезиум, а содржи и витамини Б1, Б5 и Б6.

Лубеницата е богата со каротеноиди вклучувајќи и бета каротен и ликопен, антиоксиданс кој е важен сојузник против одредени видови рак.

3. Добра е за срцето

Содржи состојки важни за кардиоваскуларното здравје. Ликопенот освен што служи како превенција за одредени малигни заболувања, исто така, ги намалува холестеролот и крвниот притисок. Делува позитивно и  на мозокот и  докажано ја забавува прогресијата на Алцхајмер.