Повторен триумф на Вардарки!

Ракометарките на Вардар ја продолжија добрата серија и максималниот ефект во Лигата на шампионите во групата Г, кадешто по четири рунди сега имаат 8 бодови.

Последниот триумф се случи токму оваа вечер во СЦ „Јане Сандански“, каде македонскиот преставник успеа да дојде до целта и да оствари победа над Ларвик од 30-27.

Пред 15 дена, „црвено-црните“ остварија сигурен и убедлив триумф во Норвешка од 31-19, но овојпат ситуацијата беше малку поинаква и вардарки успеаа да го надвладеат противникот дури во второто полувреме.

На полувремето гостите имаа позитива од 11-10 за да во продолжението македонскиот тим да заигра на повисоко ниво со што успеа и да стигне до конечен триумф. Лејнно со 20 одбрани беше најистакнат поединец кај Вардар со тоа што број еден стрелец беше Пенезиќ со 7 голови.

Следното коло носи гостување во Унгарија кај Ференцварош, или битка за првата позиција во оваа група.