После 35години во Саудиска Арабија се отвара кино

После 35години во Саудиска Арабија се отвара кино

Министерството за култура и информации од Саудиска Арабија издаде лиценца на американската компанија AMC за отворање на кино сала во таа земја. Ова значи дека киното ќе бидат отворено по 35 години.

Веста е потврдена од страна на саудиската новинска агенција СПА, во која се наведува дека првото кино во Саудиска Арабија ќе биде отворено на 18 април оваа година.

Саудиските власти ја забранија работата на кината во 1980-тите од конзервативни причини.

Според договорот, АМЦ ќе отвори околу 30 кина во текот на следните пет години во 15 градови, а планирано е до 2030 година овој проект да се прошири на 25 градови.

Саудискиот принц Мухамед бин Селман во октомври 2017 година изјави дека неговата земја се враќа во „умерен ислам”.

Првиот филм што ќе се најде во новоотворената кинематографија ќе биде “Црната пантер” од режисерот Рајан Куглер.