Бела Лучија е ново лице во светот на моделингот, а нејзиното потекло е од Португалија и Германија, но долги години живее во Австралија.
Лучија завршила медицински факултет во Сиднеј, а сосема случајно почнала да добива понуди за кастинзи, откако некои модни куќи ја забележале на Инстаграм, каде има повеќе од 220.000 следбеници.
Таа има работено во Париз, Лондон и Милано, а моментално е на Бали во Индонезија.
Иако е релативно непозната, оваа природна убавица ја очекува блескава кариера, судејќи според нејзиниот совршен изглед.