Порто е четвртиот четвртфиналист во ЛШ

Порто е четвртиот четвртфиналист во ЛШ

Екипата на Порто е четвртиот четвртфиналист во Лигата на шампионите и тоа откако вечерва на драматичен начин по продолженија беше подобра од калчолигашот Рома.

Португалскиот шампион оствари идентична победа како „волчицата“ на првиот меч, односно славеше со 2-1 што значаше дека ќе се играат продолженија на „Драгао“. Во дополнителнините минути подобри шанси имаше италијанскиот прволигаш и тоа преку Џеко, меѓутоа истите не ги искористи по што стигната казна на спротивната страна.

Флоренци направи фаул во казнениот простор по што судија Чакир по консултација со ВАР досуди пенал за гостите кој го реализираше Телес во 177 минута. Потоа четата на Консисао ги издржа останатите минути и дојде до осумте најдобри во елитното натпреварување.

Освен Порто досега во Топ 8 се пласирани Ајакс и Манчестер Јунајтед.