Porsche со уникатна Panamera во Шангај 2017

Porsche со уникатна Panamera во Шангај 2017

На меѓународниот салон во Шангај, компанијата Porsche демонстрира неколку нови модели за кинескиот пазар, вклучувајки и посебна и ексклузивна и верзија Executive на Panamera.

Деби на штандот на Porsche на салонот во Шангај имаат целосно новата Panamera Sport Turismo, хибридната верзија Panamera Turbo S E-Hybrid со 680 коњски сили, како и новите 911 GTS и 911 GT3 Cup, а сериозен акцент од Porsche поставуваат на специјално развиената за Кина верзија, Panamera Executive со 330 коњски сили. Стандардно возилото ќе се нуди во долгата верзија, а погонот ќе биде на задните тркала

– Овој модерл е посебно важен за нас на кинескиот пазар, коментира Оливер Блум, претседател на бордот на директори на Porsche AG. – Во 2016, Кина уште еднаш беше нашиот главен пазар, со повеќе од 65.000 продадени автомобили. Новите модели, како Panamera Sport Turismo ни даваат доверба дека овој успех ќе продолжи и годинава.