Porsche прославува 10 години од Panamera со специјален модел

Porsche прославува 10 години од Panamera со специјален модел

Германскиот производител лансираше во Америка посебна, јубилејна верзија на Panamera по повод 10 години од постоењето на овој модел.

Специјалното издание на популарниот модел кој со својата појава го зголеми профитот на Porsche ќе биде достапен во стандардната верзија на Panamera, како и во варијанта на Panamera 4 и Panamera 4 E-Hybrid.

Верзиите Panamera “10 Year Edition” и Panamera 4 “10 Year Edition” како погон користат 2.9 V6 мотор со 330 коњски сили и ќе се продаваат по 103,300 долари, односно по цена од 107,500 долари.

Panamera 4 E-Hybrid “10 Year Edition”, покрај V6 агрегатот има и електричен мотор, а вкупната сила на хибридниот систем изнесува 462 коњски сили, додека ќе се продава по цена од 116,900 долари. Испораките се закажани за првиот квартал од идната година.

Овој модел беше лансиран во април 2009-та година, а до денес ширум светот се продадени над 235,400 примероци на првата и втората генерација.