Porsche ќе оди во Формула 1

Porsche ќе оди во Формула 1

Porsche размислува за враќање во Формула 1 шампионатот и тоа од 2025 година кога ќе бидат воведени новите правила кои се однесуваат на моторите односно користењето на подобрени еколошки горива.

Германскиот производител на автомобили Porsche кој е дел од Volkswagen Групацијата, веќе неколку години го планира враќањето во ова популарно натпреварување. Според некои германски медиуми, во Porsche веќе се работи на развој на мотор кој би го користеле болидите во Формула 1 натпреварувањето.

Porsche во ова натпреварување настапуваше во периодот од 1957 до 1962 година. До 1964 година се користеа болидите на Porsche од други тимови, а како добавувач на мотори, Porsche во ова натпреварување беше и во 1991 година.

Во моментов од конкурентите на Porsche во автомобилската индустрија, во Формула 1 веќе се натпреваруваат Ferrari, Alfa Romeo, Alpine, Aston Martin, McLaren и Mercedes.