Porsche го направи најмоќното 911 Turbo S

Porsche го направи најмоќното 911 Turbo S

Aвтомобилот се разликува од основната варијанта со зголемена за 27 КС моќност на моторот, специјална боја и допплинтелна опрема.

Како и стандардната 911 Turbo S, новото спортско купе се потпира на 6-цилиндерски бензински турбомотор со зафатнина од 3,6 литри, но нејзината моќ веќе е 607 КС и 750 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,9 секунди, а до 200 km / h – 6,9 секунди. Максималната брзина е 330 km/h.

Во опремата на 911 Exclusive Edition Series влегуваат 20-инчни фелни, керамички сопирачки механизми, адаптивна суспензија PASM, дополнителен радиус на вртење на задните тркала и пакет Sport Chrono. Моделот доби и уникатна златно-жолта боја на каросеријата, направена од одделот Porsche Exclusive Manufaktur. Детали од истата присуствуваат и во ентериерот – на потпирачите за глава на седиштата, кои за возврат може да бидат регулирани во 18 различни положби.

Ќе бидат произведени само 500 примероци, а секој од нив ќе се нуди со специјален часовник од Porsche Design, за чија изработка се користат карбон и титаниум. За клиентите е предвиден и посебен комплет чанти.