Поранешната Спајс девојка призна дека конзумирала дрога

Поранешната Спајс девојка призна дека конзумирала дрога

Мел Б. призна дека консумирала дрога, односно внесувала шест линии кокаин дневно додека работела на “X Factor” за да може да ги преживее тешките моменти со сопругот Стефан Белафонте.

Во својата автобиографија “Брутално искрена” открила дека имала обид за самоубиство такашто испила 200 таблети против болки во 2014 година. Тоа се случило во полуфиналето кога нејзиното место во жирито било заменето, а веќе следната ноќ се вратила. Траговите од обидот за самоубиство биле видливи, но таа рекла дека за сето тоа бил виновен стомачниот вирус.

Таа признала дека својот ден го започнувала со две линии кокаин.

“Бев тажна и патетична личност. Бев надвор од контрола. Дневно земав пет-шест линии кокаин пред и после работа. Тоа ја ублажуваше мојата болка. Ме подигнуваше доволно да бидам подготвена и да заборавам на сè освен на шоуто. Бев толку лошо такашто после две седмици од снимањето на “X Factor” започнав да користам кокаин за да издржам. Исто така да го издржам и животот со Стефан кој беше како невротична клаустрофобија”, напишала таа.

Истакнала дека тоа не влијаело на нејзиното судење како член на жирито, бидејќи не земала кокаин додека снимала.

Истакнала дека сопругот правел таа да се чувствува грдо и непосакувано и дека тој имал библиотека од секс снимки со неа. Им напишала порака на своите ќерки и ги испила таблетите, но сфатила, додека била при свест, дека треба да оди во болница и да се спаси поради нив. Изгубила свест и паднала пред вратата, поради што имала модринки кои биле видливи.

Иако докторите ја советувале да остане во болница, бидејќи црниот дроб и бубрезите не ѝ биле во ред, одлучила следната ноќ веднаш да се врати во шоуто. Во септември се пријавила на лекување во Центар за рехабилитација, каде ѝ бил дијагностициран пострауматски стрес.

Мел и Стефан биле во брак 10 години, а се разведоа во декември минатата година. Сепак, битката околу децата траеше до крајот на ова лето.