Поранешен сопруг на Ејми Вајнхаус бара милион фунти за заслугите кои наводно ги има за нејзиниот успех

Поранешен сопруг на Ејми Вајнхаус бара милион фунти за заслугите кои наводно ги има за нејзиниот успех

По смртта во 2011-та година, зад Ејми Вајнхаус останаа бројни музички хитови, но никогаш не беше пронајден тестамент со кој се одредува кој ги има правата над нејзината работа и имот.

Поради тоа, целиот имот им припадна на нејзините родители, но сега, нејзиниот поранешен сопруг Блејк Сивил бара милион фунти поради заслугите кои наводно ги има за нејзиниот успех.

Ваквиот негов потег ги шокираше членовите на семејството на Ејми, особено поради тоа што пејачката трошела многу пари за него во текот на бракот.

Според нив, тој не е заслужен за ништо друго освен за нејзината пропаст и туркањето на пејачката кон смрт.