Популарната Whole 30 диета!! Детално објаснување и водич

Популарната Whole 30 диета!! Детално објаснување и водич

„Whole 30“ диетата во последно време стана голем хит, па и познатите спортисти како Коби Брајант и Леброн Џејмс ги направиле своите принципи на исхрана според овој начин на исхрана.

Со исфрлање на сите житарици, млечни производи, мешунки, алкохол и намирници со дополнителен шеќер и адитиви ќе постигнете неверојатни резултати и ќе го прочистите својот организам.

Што всушност претставува Whole 30 диетата?

Потребно е цели 30 дена да консумирате, месо, риба, јајца, зеленчук (може и некое одредено овошје и здрави масти). Целта е да ги намалите воспалителните процеси на телото и да ослабнете, а како резултат на тоа ќе бидете поенергични, а вашата кожа ќе блеска.

Отфрлање на намирници кои се преполни со бел шеќер и разни адитиви кои се користат во произведување на храната ќе предизвика позитивен ефект на вашето здравје во поглед на намалување на килограмите, регулирање на крвен притисок и постигнување на подобар сон.

Овој популарен режим на исхрана е делотворен доколку го применувате со помош на нутриционист, а тоа е особено важно кај луѓето кои се алергични на одредени намирници. Во такви случаи треба да се одлучите за поумерен облик на оваа диета.

Најголемата грешка која може да се случи во текот на било која диета е преголемото влијание на секојдневниот живот.

До планот на диетата секогаш треба да се придржувате, меѓутоа, не до таа мера таа да постане единствениот сегмент во вашиот живот.