Поп кралицата се чувствува многу осамено!

Поп кралицата Мадона неодамна изјави дека се чувствува многу осамено и го изјави тоа со покажување голи гради, па многу фанови се сожалија па фотографијата собра добри 272.497 илјади лајкови.

Мадона моментално живее во Португалија со нејзиниот син Дејвид Банда, кој тренира во академијата на фудбалерскиот клуб “Бенфика”. Очигледно промената на местото на живеење не ѝ прилега и слободното време не го користи продуктивно, па позира гола со “Луи Витон” чанта. Фотографијата веднаш се најде на социјалните мрежи. Брадавиците ги прекри со чкртаници, а под фотографијата напишала порака која ги шокираше нејзините следбеници.

“Сè уште лудувам по оваа торба” со хештегови #Лисабонедалеку и #немампријатели.

Се надеваме дека Мадона за кратко време ќе се прилагоди на Португалскиот начин на живот и ќе стекне нови пријатели. Сепак, станува збор за светска ѕвезда која и покрај годините изгледа навистина одлично.