Помалку познати факти за глумицата и нејзиниот приватен живот

Помалку познати факти за глумицата и нејзиниот приватен живот

Младата глумица Дакота Џонсон (29) е родена во Тексас во семејство на глумци, а нејзиниот татко е Дон Џонсон,  мајка Мелани Грифит па Дакота е микс од различни националности.

Во нејзиното тело тече британска, норвешка, шведска и германска крв.

Дури и бабата на Дакота, Типи Хедрен е една од најпознатите глумици. Родителите на Дакота се запознале многу рано, Дон имал 22 години, а Мелани 14 години. Меѓутоа, разликата во годините и тоа што биле толку млади не ги спречило да се впуштат во љубовна авантура. Кога Мелани наполни 18 години се венчале, но секако бракот не траеше долго.

Дакота има постар брат Александар и помлада сестра Стела дел Кармен, која е ќерка на Мелани Грифит и Антонио Бандерас.

Како што изминувале годините Дакота глумела во помали и поголеми филмски проекти, но се занимавала и со моделинг. Во суштина таа била речиси и анонимна сè до улогата во филмот “Педесет нијанси сиво”.

Елизабет Олсен ја одби главната улога во овој филм откако прочитала коментар на книгата кој гласел: “Единствено фановите на порнографија можат ова да го сакаат”.

На Шејлин Вудли не ѝ се допадна слабата Анастасија и описот на главната улога ја иритираше. Фелисити Џоунс исто така одби да се појави во експлицитни сцени, а Луси Хејл се согласи на кастинг, но сепак се посрамила и си отишла.

На крајот Дакота ја прифати улогата на Анастасија Стил. Филмските режисери беа воодушевени од нејзината срамежливост, дури и најексплицитните ги снимала слободно и пред сите.

На фановите на книгата не им се допадна Дакота во улога на Анастасија, бидејќи била премногу млада за оваа улога и не доаѓала до израз. Без разлика на ова, младата Дакота го достигна врвот со оваа улога и се смести на врвот на А листата на глумци.

Приватниот живот на Дакота Џонсон се менувал како што играла во различни филмови. Глумицата не зборува за приватниот живот и сè што ѝ се случува дознаваме од папарацо фотографиите.

Дури во мај 2018 година Мелани Грифит потврди дека Дакота се забавува со Крис Мартин, фронтменот на групата Колдплеј, поранешниот сопруг на Гвинет Палтроу, но ги замоли новинарите да ја почитуваат приватноста на нејзината ќерка.