Пол-позиција за Хамилтон на првата трка од новата сезона во Ф1

Пол-позиција за Хамилтон на првата трка од новата сезона во Ф1

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе стартува од првото место на трката за Големата награда на Австралија, прва од новата сезона во летечкиот циркус.

Тој го извозе најбрзиот круг во квалификациите со време од 1:20.486 и ја потврди доминацијата од претходните тренинзи. Ова е негова шеста последователна пол-позиција на оваа трка и вкупно 84. во кариерата. До најбрзото време извозе во последниот круг кога за 112 илјадити делови одсекундата го претекна својот тимски колега Валтери Ботас.

Ферари разочара освојувајќи го третото место преку Себастијан Фетел, а Шарл Леклер беше петти.