Пол Погба прогласен за играч на сезоната во Лига Европа!

Пол Погба прогласен за играч на сезоната во Лига Европа!

Тимот на Манчестер Јунајтед ја освои Лига Европа во сезоната 2016/17, со што обезбеди и директен пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.

 

На денешната ждрепка за групите во Лига Европа за сезоната 2017/18, каде за прв пат имаше и еден македонски тим, беше прогласен и најдобриот играч за изминатата сезона.

Пол Погба е добитник на наградата најдобар играч во Лига Европа за сезоната 2016/17. Покрај Французинот, во битка за оваа награда беа и неговите соиграчи Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Мкхитаријан.

Во шампионската сезона за „црвените ѓаволи“ во Европа, Погба одигра 15 натпревари, реализираше три голови и една асистенција.