Пол Погба го коментираше наводното заминување од Манчестер Јунајтед

Пол Погба го коментираше наводното заминување од Манчестер Јунајтед

Пол Погба, францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед,  даде свое видување за шпекулациите кои го поврзуваат со враќање во Јувентус.

Погба беше стрелец на победоносниот погодок на Франција на вчерашниот натпревар против Австралија по кој „Галските петли“ ги забележаа првите поени на Мундијалот.

Веднаш по натпреварот, Погба беше запрашан за можноста да го напушти Манчестер Јунајтед, но тој одговори дека не планира да зборува за тоа додека трае Светското првенство.

“Во моментов сум со француската репрезентација и не сакам да зборувам за мојата клупска иднина. Да, зборувам со Дибала, но исто така зборувам со Умтити кој игра во Барселона, но тоа не значи дека ќе одам да играм таму.“- коментираше Погба.