Погледнето го неверојатниот Chevrolet Corvette C8

Погледнето го неверојатниот Chevrolet Corvette C8

И досега беше ѕверка, но не како оваа – Chevrolet Corvette од осмата генерација за прв пат ќе има централно поставен мотор со кој ќе се бори со европските конкуренти како што се Porsche и Ferrari.

Со тоа се исполнува сонот на љубителите на моделот кој сé досега упорно беше игнориран од челниците на GM. Сега веќе нема да биде така – Corvette за 2020 година станува вистински суперавтомобил осмислен каков што требаше да биде уште пред половина век. Но, за да биде јасно што всушност зборуваме, треба да кажеме дека од 1964 година наваму голем број прототипи на Corvette имаа централно поставен мотор и ниту еден ни малку не се доближи до сериското производство. Во меѓувреме Corvette како автомобил од генерација во генерација стануваше сé појак, побрз, поспособен и поблизок до вистинската, европска и јапонска конкуренција, поставувајќи сопствена традиција каков треба да изгледа. Со други зборови, се заборави основната идеја која сега се враќа на голема врата.

 

 

 

 

 

 

 

И тоа успешно, бидејќи како изгледа за прв пат се одговорени сите прашања – кој, што, зошто, со кој и против кој. За разлика од Mustang, Camaro, Firebird и сите останати спортски автомобили со американски пасош, Corvette всушност е единствениот вистински спортски американец. Со самото тоа тој во својот фокус отсекогаш го имал предизвикувањето на фенси европјаните, на кои со текот на децениите им се приклучија и некои јапонци. Тоа беше тешка позиција за Corvette, бидејќи со марки како Ferrari, Porsche и ним слични чуда треба да се случат за да се добие внимание. А Corvette сепак цело време успеваше во тоа. Затоа и сега кога навистина стана она што требаше да биде од сам почеток, не се сомневаме дали ќе им се допадне на купувачите или не.

Ако сепак се случи да не се продава добро, тогаш проблемот дефинитивно ќе биде во купувачите кои пред сé се Американци, а не во самиот автомобил.