Погледнете го трејлерот за новата серија На Терапија

Никола Ристановски како д-р Терзиев, Јелена Јованова во улогата на Милена, Висар Вишка во улогата на Гент и Драгана Костадиновска во улогата на неговата сопруга Зана – се овие ликови, кои ќе играат во новата македонска ТВ серија На терапија.

Ангела Димитрова во улогата на тинејџерката и пливачка Ивана, Тони Наумовски во улогата на војникот Владо, Амернис Нокшиќи во улога на Ана Терзиева, сопругата на д-р Терзиев и Бедија Беговска во улогата на психотерапевтот д-р Вера Арсиќ се останатите ликови кои се дел од долгоочекуваниот сериски хит во најава.

На терапија започнува со емитување на 18-ти септември на Телевизија Сител.

Кои се вашите први впечатоци?