Погледнете го трејлерот на мјузиклот “Мама Миа: Одиме повторно!” кои се враќа после 10 години

Погледнете го трејлерот на мјузиклот “Мама Миа: Одиме повторно!” кои се враќа после 10 години

Десет години после легендарниот филм “Мама Миа!”, кој заработи повеќе од 600 милиони долари ширум светот, се враќаме на магичниот грчки остров Калокери со потполно нова и оригинална музика основана на песните од популарната група АББА и ни пристигна новиот трејлер за распеаниот филм “Мама Миа: Одиме повторно!” кој за среќа и воодушевување на фановите пристигнува во кино салите на 19 јули.

Актерската екипа е сосема идентична од првиот дел на филмот, но само е збогатена со глумицата Лили Џејмс и планетарно познатата музичка ѕвезда Шер.

Улогата на Дона и овој пат ќе ја толкува една од најпопуларните глумици, добитничката на Оскар, Мерил Стрип заедно со Џули Волтерс како Роузи и Кристин Барански како Танја.

Аманда Сејфрид и Доминик Купер во продолжението ќе бидат Софи и Скај, додека Пирс Броснан, Стелан Скарсгард и оскаровецот Колин Фрт се враќаат со улогите на потенцијалните татковци на Софи, Сем, Бил и Хери.

Тематиката на филмот не враќа назад низ времето за да погледнеме на кој начин се граделе односите помеѓу ликовите какви што се денес.

“Мама Миа: Одиме повторно!” и овој пат е продуциран од Џуди Крејмер и Гери Гоецман, додека Крејмер е исто така еден од основачите и продуцентот на светски познатиот и успешен театарски мјузикл.