Погледнете го првиот трејлер за „The Bаtmаn“

Погледнете го првиот трејлер за „The Bаtmаn“

Првиот трејлер за „The Bаtmаn“ се појави на интернет пред неговата премиера на виртуелната конвенција во DC FanDome.

Режисерот на филмот Мет Ривс е најпознат по режијата на новата генерација филмови „Планета на мајмуните“, а дејствието на филмот за стрип-јунакот е поставено во раните денови на Брус Вејн како Бетмен и се занимава со корупцијата во Готам. Затоа Ривс веќе ги предупреди фановите да не очекуваат класичен филм за суперхерој со јасно формирани херои и негативци, пишува The Verge.

Бетмен тогаш сѐ уште не е Бетмен и многу луѓе сѐ уште се плашат од него. Ова не е приказна за неговото настанување, но има допирни точки со тоа“, појасни Ривс.

Роберт Патинсон го наследува Бен Афлек како Мрачниот витез, а во актерската екипа се и Зои Кравиц како Кетвуман, Колин Фарел (Пингвин), Пол Дано (Ридлер), Џефри Рајт (комесарот Гордон), Енди Серкис (Алфред) и Џон Тортуро (мафијашот Кармајн Фалконе).

Снимањето на филмот е сè уште во тек, а премиерата треба да биде на 1. октомври 2021. година.