Погледнете го првиот трејлер за филмот Ocean’s 8

Долго очекуваниот трејлер за филмот Ocean’s 8 стигна на интернет денес, а во него конечно ги гледаме моќните дами на едно место.

Екипата крадци ги води Сандра Булок во улогата на Деби Оушн, сестрата на Дени Оушн кој во минатите три филма го играше Џорџ Клуни. Филмот ја прати приказната на Деби, која после затворот организира нов грабеж.

Покрај Сандра во филмот се појавуваат и Кејт Бланшет, Хелена Бонхам Картер, Ен Хатвеј, Ријана, Сара Полсон, Минди Калинг.

Во продолжение погледнете го трејлерот.