Погледнете го новото Renault Twingo Iconic

Renault претставија ново надополнување на серијата Twingo во облик на ново специјално издание наречено Iconic Special Edition.

Базиран на Dynamique Nav верзијата на познатиот градски модел, новата варијанта нуди некои уникатни стилски надополнувања и финиши.Покрај финишот со црна и бела боја, Twingo Iconic Special Edition е на располагање и во нова Mint Green нијанса, т.е ментол зелена. Во кабината има нов кожен тапацир, акценти во новата ментол зелена боја, како и патосници со мотиви во истата боја.

Истиот шаблон на шавот од седиштата се повторува и на екстериерот, и тоа на страничните лепенки. Новиот изглед го комплетираат 16-инчните алуминиумски бандажи и сончевиот кров од материјал кој се отвара скоро по целата должина на кровот.

Технологијата е подобрена со ретровизори кои се движат електронски, R-Link infotainment систем со вградена сателитска навигација, автоматски предни фарови и бришачи, Bluetooth конективност, систем за контрола при крстарење како и вградена функција за ограничување на брзината.

Twingo Iconic Special Edition доаѓа со TCe 90 3-цилиндричен 0.9 литарски турбо бензински мотор од 90 коњски сили, а менувачот може да е мануелен или автоматски, по избор.