Погледнете го новото издание на Pagani – Huayra Roadster

Погледнете го новото издание на Pagani – Huayra Roadster

По повод отворањето на новиот салон на Беверли Хилс, брендот Pagani одлучи да го претстави своето најново издание на хиперавтомобилот Huayra Roadster.

Наречен Pagani Huayra Roadster Gyrfalcon, овој модел е финален примерок од верзијата Huayra Spider. Налик сите други модели, тој е преработен во склад со барањата на сопственикот со цел да оддаде почит на една од најбрзите птици грабливки. Gyrfalcon е најголемата птица во семејството соколи, при што женката од овој вид може да има распон на крила од 157 центиметри.

“Автомобилите изработени по мерка се обожувани во целиот свет, не само поради својата врвна технологија и убавина, туку и поради фактот што светот ја цени страстната италијанска изработка”, изјавил Хорацио Пагани.

Ова специјално издание има иста комбинација на бои како птицата по која е наречен, односно бела и сина боја со златни акценти. Дури и линиите на предниот дел од автомобилот се креирани така што потсетуваат на клунот на соколот кој послужил како инспирација.

Во внатрешноста на автомобилот, зборот Gyrfalcon е извезен на наслоните, заедно со декоративни плочки како уште еден омаж на овој специјален модел.

Покрај својата стандардна верзија, овој модел го придвижува twin-турбо 6.0-литарски V12 мотор кој потекнува од Mercedes AMG. Моделот произведува 720 коњски сили, а од 0-100 км/ч. забрзува за само 2.8 секунди. Неговата максимална брзина изнесува 383 км/ч.