Новиот Porsche 911 Turbo кој треба на пазарот да се појави во 2019 за првпат е забележан на шпионски фотографии.
Споредувајќи ги овие фотографии со регуларното 911 купе може да се забележи дека новиот модел е поширок со поголеми лакови на тркалата, со препознатливите отвори за воздух зад секое од задните тркала.
Се забележуваат и нови предни фарови, нов распоред на решетките на предницата, како и LED лента на задниот дел која ги поврзува задните фарови – стилски елемент кој го имаат сите нови Porsche модели. Во предната решетка се забележува и камера, што значи дека новата 911-ка ќе има вградено технологија за асистенција на возачот.
Кабината ќе има поголеми промени, судејќи според дигиталните инструменти забележани во една претходна прилика, превземени од последната Panamera.
Во моментов е прерано да се каже што наумиле од Porsche во поглед на моторите, но се очекува 3.8 литарскиот 6-цилиндричен турбо мотор да биде помоќен од оној од сегашната генерација, со 540 коњски сили.
Turbo S моделот, пак, би можел да има моќност од над 608 коњски сили – нешто што скоро беше за малку постигнато со моторот од 607 коњски сили на Turbo S Exclusive Series.