Погледнете го „новиот и голем“ SUV модел на Хјундаи

Погледнете го „новиот и голем“ SUV модел на Хјундаи

Корејскиот производител на Саемот за автомобили во Бусан го претстави концептот наречен “HDC 2 Grandmaster” како најава за идниот голем SUV модел на Хјундаи.

Хјундаи “Grandmaster” во продукциската варијанта ќе ја заземе позицијата над SUV моделот Santa Fe и практично го претставува духовниот наследник на моделот “ix55/Veracruz” кој што не се произведува од 2012-та година.

Се шпекулира дека новиот SUV на Хјундаи би можел да ја има и ознаката “Palisade” со оглед на тоа што корејскиот автомобилски гигант неодамна го заштитил тоа име.

Покрај тоа, концептот “Grandmaster” покажува во која насока во иднина ќе се развива дизајнот на автомобилите на Хјундаи.

SUV концептот кој што е претставен во Бусан има футуристички изглед со масивна, хромирана предна маска, предни и задни светла со ЛЕД технологија и големи тркала.

Од Хјундаи не објавија технички детали за концептот, но продукциската верзија, покрај конвенционалните, би требало да пристгне и со агрегат на алтернативен погон, без разлика дали ќе станува збор за хибриден погонски сисем или целосна електрификација.