Погледнете го новиот футуристички автомобил на Renault

Погледнете го новиот футуристички автомобил на Renault

На овогодинешното Frankfurt Motor Show видовме многу новини, од кој едно на Renault кога го претстави футиристичкиот концепт на нивниот електричен автомобил со 4-то ниво на автономност, кој би можел да се очекува до 2030-тата.

Наречен Symbioz, според старогрчкиот збор за „заедничко живеење“, овој автомобил е наменет за многу повеќе од само транспорт, и може да се користи како „модуларна дополнителна соба“ за вашиот дом.

Концептот е долг 4.7 метри и е со големина на големо фамилијарно возило, а екстериерот има сличности со модерна куќа дизајнирана од архитект. Горниот дел е направен скоро целосно од стакло, и е споен со долниот (направен од јаглеродни влакна) со високо-технолошки процес на емајлирање.

Седиштата автоматски се наведнуваат за да им овозможат на патниците што поголема комоција, а ентериерот се состои од огромен OLED дисплеј од 80cm прекриен со Gorilla Glass кој се наоѓа пред возачот, а кога автономниот мод е активиран целата командна табла се повлекува за 15cm. Седиштата тогаш се поставуваат околу масата која се отвора во центарот на кабината.

Symbioz ќе вклучува многубројни сервиси – патниците ќе бидат идентификувани штом влезат во него, а автомобилот ќе може да комуницира и со домашните апарати.

Напојуван ќе биде со 2 електрични мотори на задните тркал со вкупна моќност од 680 коњски сили, 660Nm вртежен момент, и забрзување од 0-100км/ч за помалку од 6 секунди. Дометот со едно полнење на батериите ќе му биде околу 500км, a индуктивното полнење ќе овозможува полнење на батериите на 80% за само 20 минути.