Погледнете го новиот електричен хиперавтомобил, RAESR Tachyon Speed

Калифорниската стартап компанија RAESR (Rice Advanced Engineering Systems and Research – напредни инженерски системи и истражување) претставила нов електричен хиперавтомобил наречен Tachyon Speed, со 1270 коњски сили и 4949Nm вртежен момент.

Именуван според теоретската честичка која се движи побрзо од светлината, Tachyon Speed има максимална брзина од над 386км/ч, а од 0-100км/ч забрзува за 3 секунди, а сета оваа моќ му доаѓа од 6 електрични мотори.

Во градски услови, од RAESR тврдат дека Tachyon Speed може да помине околу 240км, а комапнијата веќе прима нарачки во ограничен број од потенцијалните купувачи.

Кокпитот на овој хиперавтомобил е дизајниран во стилот на борбените авиони, со возачко седиште во центарот на автомобилот.

Со дизајн сличен на Caparo T1 (инспириран од F1), Tachyon Speed нуди уникатни аеродинамички системи со 4 предни спојлери и еден заден, кој обезбедува 454kg потисок, додека каросеријата која е изработена од јаглеродни влакна со внатрешност од кевлар тежи 1338кг.

RAESR (се изговара “рејсер“, во превод „тркач“) започнале со дизајнот на Tachyon Speed во 2012, со мисија за создавање на „следната генерација на електричен хиперавтомобил“.