Погледнете го најубавиот Старбакс во светот

Погледнете го најубавиот Старбакс во светот

По отворањето на раскошното издание на Reserve Roaster во Токио на почетокот од оваа година, кафе-гигантот конечно е подготвен да ни го претстави своето најголемо издание во светот, сместено во градот Чикаго.

Со датум на отворање закажан за малку подоцна оваа година, огромната кафетерија ќе се прошири на четири нивоа и ќе зафаќа простор од 4.300 метри квадратни. Новиот храм на кафето ќе биде посветен на подготовка и пакување на ретки вкусови на кафе кои ги нуди Старбакс.

Коментирајќи го раскошниот простор, Хауард Шулц, извршен директор на „Старбакс“, рече: „Чикаго е соседски град, така што полека и внимателно го баравме вистинското место за да одговара на нашата понуда. Не можеме да чекаме да го понудиме ова уникатно искуство на сите наши нови гости “