Погледнете го најновиот BMW X7

BMW ја објави првата фотографија од концептот на SUV моделот X7, кој својата премиера ќе ја има во петок на 8-ми септември, пред да биде изложен на франкфуртскиот авто-салон кон половината на месецот.

Фотографијата го прикажува автомобилот од птичја перспектива и открива панорамски стаклен покрив, со потконструкција во облик на буквата “Y”, која треба да ги заштити патниците во случај на превртување. BMW за концептот одбрал конфигурација на седишта 2+2, додека сериските модели во основната верзија ќе имаат 5 места за патниците. Се шпекулира дека екслузивната, суперлуксузна варијанта би можела да има 4 седишта и најскапи материјали во внатрешноста, а истата би била понудена на клиентите по цена од преку 150 илјади евра.

Image result for bmw suv x7

Што се однесува до стандардниот X7, кога 2018 ќе дебитира во продукциска форма, овој BMW SUV на пазарот ќе биде конкурент пред сè на Mercedes GLS.

Image result for bmw suv x7