Погледнете го ентериерот на моќниот Porsche Taycan

Погледнете го ентериерот на моќниот Porsche Taycan

За првпат имаме прилика да видиме како изгледа внатрешноста на електричниот модел Taycan на Porsche.

Неколкуте шпионски фотографии покажуваат дека ентериерот на продукциската верзија на Taycan ќе биде сличен на оној од концептот на кој е заснован – Mission E Cross Turismo од 2018 година.

Porsche веќе со години врши масовни тестови на Taycan, но досега немавме прилика да видиме како ќе изгледа неговата кабина.

На фотографиите кои се појавија на еден форум, се истакнува централната конзола и ниско позицираниот панел со прилично широкиот централен дисплеј и масивните вентилациски отвори.

Како во концептот, и Taycan поседува спортски волан со три краци и огромно Start/Stop копче на левата страна. Дисплејот пред возачот е потполо дигитализиран.

Porsche веќе потврди дека Taycan како и другите модели ќе има бројни конфигурации, вклучувајќи го моделот Turbo во врвот на понудата. Turbo би требало да поседува два електромотори со вкупна сила од 600 коњски сили и погон на сите четири тркала. Со нив, Taycan би требало да забрзува од 0-100 км/ч. за помалку од 3,5 секунди, со автономија од повеќе од 500 километри.