Погледнете ги новите Nike LeBron 15 патики

Погледнете ги новите Nike LeBron 15 патики

Откако се појавија минатиот октомври, патиките кои беа наменети за кошаркарите се видени во бројни ситуации – од улична мода па сè до лежерни интересни комбинации.

Леброн ги носи на натпреварите, а секој новитет е претставен како ограничено издание. Исто така, покрај овие патики е креирана и линија на часовници која ја следи истата естетика, што носи дополнителна популарност во високите кругови.

За почеток, Nike нуди пет стилови само во бутиците на “Foot Locker House of Hoops” во Кливленд, Чикаго, Лос Анџелес и Харлем. Во понудата се наоѓа модел со црвени, црни и бели детали, како и сиви и неон зелени Air Max 95, во форма на кошаркарска верзија на најпопуларните патики на денешницата.

На полицата се најдоа и беж модел, инспириран од ACG патиките за тренирање, портокалов Orange Box модел со смело Nike лого и црно-тиркизен модел Griffey кој претставува варијација на легендарниот модел од деведесеттите години.

Овие кошаркарски патики се многу повеќе од моментално популарниот тренд кој зрачи со одважни бои и дезени. Доколку барате модел на патики кои ќе бидат идеални и за вечерните излегувања, купувањето на LeBron 15 се идеални за тоа.

Цената на овие модели изнесува 200 долари.