Погледнете ги новите HTC Desire 12 и Desire 12 Plus

Погледнете ги новите HTC Desire 12 и Desire 12 Plus

HTC овој пат ни претстави два нови паметни телефони кои што имаат релативно „средни“ спецификации, а тоа се Desire 12 и Desire 12 Plus.

Desire 12 има 5,5-инчен, а Desire 12 Plus има 6-инчен IPS LCD екран со формат 18:9 и резолуција од 1,440х720 пиксели. Куќиштата се дизајнирани за да имитираат таканаречена „течна површина“ по примерот на дизајнот на телефонот HTC U11. Тоа е резултат на користење на акрил кој што е сличен на стаклото, но е поиздржлив.

Покрај тоа, Desire 12 поседува MediaTek MT6739 процесор, 2 или 3 GB RAM меморија или 32 GB интерна меморија која што може да се прошири со помош на microSD мемориска картичка до дури 2 TB.

Од друга страна, Desire 12 Plus доби процесор Snapdragon 450, 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија која што исто така може да се прошири со помош на microSD мемориска картичка.

Двата паметни телефони имаат задна камера од 13 мегапиксели, но моделот Desire 12 Plus има и секундарна камера од 2 мегапиксели задолжена за портрет ефектите. Кај помалиот модел предната камера е од 5 мегапиксели, а кај поголемиот од 8 мегапиксели, со тоа што има и технологија за препознавање на лице.

Desire 12 има батерија со капацитет од 2,730 mAh, а Desire 12 Plus батерија со капацитет од 2,965 mAh. Двата модели имаат 3,5 мм аудио влез и Micro USB портови за полнење, а сензор за отпечатоци на прсти има само кај поголемиот модел.

Од HTC засега немаат соопштено во кои региони ќе се продаваат овие паметни телефони и по која цена.