Погледнете ги новите 230 емотикони

Unicode consortium претстави нови 230 емотикони за оваа година, од кои 175 претставуваат луѓе и делови од човечкото тело.

Отсега бојата на кожата и полот на двојките ќе може да се комбинираат произволно со повеќе од 70 варијанти.

Одборот кој одлучува се состои од големи технолошки компании, како Apple и Google. Но, секоја компанија на свој начин ги претставува емотиконите, со мали отстапки.