Погледнете ги најскапите модели на Porsche кои се продадени на аукција

Погледнете ги најскапите модели на Porsche кои се продадени на аукција

Љубителите и колекционерите на автомобили неретко знаат да издвојат огромни суми за скапоцените и ретките модели од најдобрите светските производители, а возилата на Porsche секогаш се наоѓаат на врвот на листите.

Најпопуларниот модел на Porsche, познатиот 911, секогаш привлекува големо внимание на аукциите, но бидејќи неговата цена се движи од 50.000 до 100.000 долари, не е ни близу до најскапите модели на оваа компанија.

На првото место на најскапи автомобили на Porsche продадени на аукции се наоѓа моделот 917K, кој стана популарен поради неговата доминација на трката Ле Ман, како и по боите на неговата каросерија. Тој има 4,5-литарски, 12-цилиндричен мотор со воздушно ладење кој беше развиен од Ханс Мезгер, а кој развива 630 коњски сили и има максимална брзина од 354 км/ч. Овој автомобил беше продаден за сума од масивни 14.080.000 долари.

Второто место му припаѓа на Porsche 956, кој беше вистински хит на Ле Ман во 1983 година. Моќниот мотор и атрактивниот дизајн предизвикаа еден примерок од овој модел неодамна да се продаде за 10.120.000 долари.

Porsche 911 GT1 Strassenversion се наоѓа на третото место. Се работи за специјално изработен автомобил произведен за трката Ле Ман во 1997 година, кој до ден денес важи за еден од најубавите тркачки автомобили кои се приспособени за градско возење. Верзијата од 1998 година беше продадена за 5.665.000 долари.

На четвртата позиција се најде Porsche 550A Spyder од 1956 година, кој беше револуционерен модел кој беше еден од првите автомобили со воздушно ладење. Тој достигна аукциска цена од 5.170.000 долари.

Петтото и последно место на нашата мини-листа го зазема моделот 917/30 Spyder, чиј 12-цилиндричен мотор произведува 1.200 коњски сили. Тој беше дизајниран за трката во Кан-Ам серијата и нема никаква помошна технологија. Овој модел неодамна беше продаден за 3 милиони долари.