Погба за Мурињо: Мислеше дека од мене може да направи будала!

Погба за Мурињо: Мислеше дека од мене може да направи будала!

Отказот Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед  и понатаму главна тема во британската јавност.

Црвените ѓаволи под водство на Жозе Мурињо не ги забележа резултатите кои ги посакуваше, особено во Премиер-лигата каде се наоѓа на шестото место, а веста околку разделбата со црвените ѓаволи не беше изненадување.

Освен резултатите и атмосферата во тимот не беше на потребното ниво, а најголеми проблеми се создаваа поради лошиот однос помеѓу Погба и Мурињо.

Мислеше дека од мене може да направи будала, да ги сврти навивачите против мене…Но си играше со погрешен човек – наводно зборувал Погба на тренингот после отказот на Жозе, a истото го пренесува Сан.

Откако Мурињо замина од тимот на Погба му останува да му докаже на новиот менаџер Оле Гунар Солскјер дека во неговите нозе и и натаму има магија.