Погба:Мурињо беше проблемот во Јунајтед!

Погба:Мурињо беше проблемот во Јунајтед!

Постариот брат на Пол Погба, Матијас, жестоко го искритикува португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој до пред 3 недели беше предводник на црвените ѓаволи.

Поради низата слаби резултати, тој се соочи со отказ, а на негово место клубот го инсталираше Солскјер, со надеж дека работите можат да се вратат на вистинскиот правец.

Сега откако веќе во Манчестер заборавија на Мурињо, братот на Погба ги отвори работите кои долго време се премолчуваа пред медиумите.

Не се сомневам, Мурињо беше проблемот. Жозе се обидуваше да биде маестро, секогаш сакаше да биде во центарот на вниманието. Тоа не му одговараше на Пол. Мојот брат сакаше да биде почитуван и да може тренерите да му веруваат. Тоа не се случи, играше лошо во големите натпревари, токму поради тренерот – тврди постариот Погба.

Интересно е тоа што Мурињо пред да добие отказ од Јунајтед, во едно интервју Пол Погба го опиша како вирус, додека сега братот на Погба за Мурињо рече дека бил проблемот.