Погледнете го новиот смартфон Нокиа 7!

Погледнете го новиот смартфон Нокиа 7!

После Нокиа 8, претставен е и новиот модел Нокиа 7 – паметен телефон кој што ќе се продава по цена од 400 долари, што значи дека ќе може да се купи за 50% помала цена во однос на претходниот модел.

Новата Нокиа 7 има 5,2-инчен екран, Snapdragon 630 процесор и ќе биде достапен во две верзии: Една со 4 GB RAM меморија и 64 GB интерна меморија, а другата верзија ќе има 6 GB RAM меморија и 128 GB интерна меморија.

Ова е втора Нокиа која што пристигнува со две камери и овозможува правење на фотографии со предната и задната камера истовремено, комбинирајќи ги во една фотографија. Задната камера има 16 мегапиксели, додека предната има 5 мегапиксели.

Како и другите најнови телефони на Нокиа, така и „седмицата“ не е произведена од Нокиа, туку од компанијата “HMD Global” која што има лиценца за користење на името на некогаш најпопуларната компанија за телефони на светот.

“HMD Global” во текот на оваа година ја претстави својата прва линија на Нокиа телефони со Андроид оперативен систем. Во февруари пристигнаа Нокиа 3, 5 и 6, сите беа опремени со Snapdragon 430 процесор и се продаваа по цена од околу 300 долари.

Неколку месеци подоцна, односно во август оваа година, беше претставен врвниот Нокиа 8 кој што беше продаван по цена од нешто помалку од 700 долари. Нокиа 7 е последниот модел во низата кои што беа пуштени во продажба оваа година.