Почина сценаристот Вилијам Голдман

Почина сценаристот Вилијам Голдман

Вилијам Голдман, почина во Њујорк на 88-годишна возраст, како последица на рак на дебелото црево и воспалените на белите дробови, соопшти неговото семејство.

Голдман доби Оскари за оригинално сценарио за филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“ и за адаптирано сценарио за „Сите луѓе на претседателот“.

Меѓу, неговите останати попознати сценарија се и оние за „Маратонец“, „Мизери“, „Непристоен предлог“, „Далечен мост“, „Големиот Валдо Пепер“ и „Харпер“.

Голдам беше роден Њујорчанец, кој не сакаше да живее и работи во Холивуд и во „градот на филмот“ одеше само на куси разговори со режисерите и продуцентите.

Тој себеси се сметаше за романописец, инсистирајќи на високи уметнички достигнувања во неговите сценарија.