Почина српската писателка Исидора Бјелица

Почина српската писателка Исидора Бјелица

Познатата српска писателка Исидора Бјелица почина вчера во Белгард на 52 годишна возраст.

Исидора долги години се бореше со рак на јајници при тоа испобувајќи дури 150 различни алтернативни методи на лечење,но сепак на крај сите тие беа неуспешни. Силата за да издржи ја црпела во семејството, читателите и на крајот сфатила само едно: “Човекот е сам со тој ужас во себе и не може никаде да се сокрие, освен во некој сон, во кој на момент ќе заборави дека е болен. Но, не е дозволено да се откажете, бидејќи, тоагаш е готово!”

Таа во текот на нејзиното лечење од рак напиша дури две книги, “Спас” и “Спас 2″ во кои им сугерираше на читателите како да се излечат по природен пат.