Почина Лилијан Бетанкур, најбогатата жена

Почина Лилијан Бетанкур, најбогатата жена

Наследничката на козметичкиот гигант L’Oréal, Лилиан Бетанкур, почина еден месец пред да наполни 95 години. Веста за смртта ја објави нејзината ќерка.

Со богатство од 44,7 милијарди долари, таа го заземаше 13-тото место на листата на најбогати личности на светот. Таа поседуваше 33% од L’Oréal, компанијата која ја основа нејзиниот татко во 1907 година.

Лилиен, која страдаше од деменција, се повлече од бордот на директори во 2012 година. Иако успеа да се сокрие од медиумските рефлектори, таа беше присутна во медиумите поради нејзините несогласувања со единствената ќерка и наводните обиди за измама од страна на членови не нејзиниот тим, кои го искористувале нејзиното лошо психичко здравје за да се стекнат со пари, уметнички дела и имоти.

Лилиан БетанкурЛилиан Бетанкур