Почина легендарниот кошаркар Коби Брајант

Почина легендарниот кошаркар Коби Брајант

Коби Брајант замина во спортските легенди.

Успешниот кошаркар загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас. Имаше 41 година.

Животот на кошаркарската легенда згасна заедно со животот на една од неговите четири ќерки, неговата ќерка Џиана (Џиџи).

Трагичната вест ја објави сајтот TMZ, кој стигна до информации дека Коби патувал со најмалку три други лица и дека сите биле пронајдени мртви.Коби, кој е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, беше во брак со Ванеса Брајант и татко на четири девојчиња – Наталија, Џиана, Бјанка и Капри.