Кензо Такада почина.
81-годишниот дизајнер ја изгуби битката со КОВИД-19 во болница во Франција. Тажната вест ја сподели сегашниот креативен директор Фелипе Оливеира Баптиста, со кратка порака:
„Со огромна тага ја примив веста за смртта на Г-дин Кензо Такада. Неговата неверојатна енергија, добрината, талентот и насмевката беа заразни. Неговиот добар дух ќе живее засекогаш“ – напиша тој.
Кензо ја креира првата женска колекција во 1970 година, првата колекција за мажи во 1983 година, а првиот парфем во 1988 година.