Почина Карл Лагерфелд

Почина Карл Лагерфелд

Како што објавија странските медиуми, Карл Лагерфелд почина на 85 години. Генијалниот моден дизајнер беше креативен директор на Шанел и Фенди.

Вестите за неговата смрт доаѓаат еден месец откако тој за прв пат ја пропушти ревијата на Шанел на модната недела во Париз. Во првите редови беа ѕвездите и неговите блиски пријатели Кристен Стјуарт, Теса Томпсон, Тилда Свинтон, Марион Котилард, Фарел Вилијамс и Софија Копола, но тој не беше таму за да се поклони.