Почина капитенот на Ливерпул

Почина капитенот на Ливерпул

Поранешниот капитен на Ливерпул, „Енфилд Ајрон“ Томи Смит почина во петокот на 74 години и има одиграно 638 пати за „црвените“, од 1960 до 1978 година ја освои англиската титула четири пати, ФА-купот двапати, еднаш Купот на шампиони и двапати УЕФА-купот.

„Мојот татко почина мирно во сон во 16:30 часот денеска во пензионерскиот дом во Крозби. Тој живееше таму од јануари бидејќи здравјето му беше нарушено“, изјави неговата ќерка Џенет Симпсон за официјалниот веб-сајт на Ливерпул.

Смит е роден и израснат на неколку километри од „Енфилд“ и дојде во Ливерпул како 15-годишник во мај 1960 година, кога тренер на тимот беше легендарниот Бил Шенкли.

https://www.liverpoolfc.com/news/announcements/345657-rest-in-peace-tommy-smith