Почина Хју Хефнер во 91 година од својот живот

Основачот на познатиот Playboy, Хју Хефнер, почина на 91-годишна возраст.

Според британскиот „Гардијан”, Хефнер починал од природна смрт.

Хју е роден во Чикаго во 1926 година. Тој служел во американската армија во Втората светска војна, дипломирал на Универзитетот во Илиноис и работел во познатиот “Esquire” пред да го издаде своето прво издание. Тој исто така беше запаметен по неговото мото кое гласеше: “Животот е краток за да живееме соништа на другите луѓе”.

Тој го основал Плејбој во 1953 година, а неговата канцеларија била кујна. За првиот број, зел заем, го продал мебелот и позајмил пари од мајка му. Тој сакаше списанието да се нарече „Моминска вечер”, но се откажа. На насловната страница беше Мерилин Монро, нејзината фотографија од 1949 година. Бидејќи не бил сигурен дали на киосците ќе се појави вториот број, тој го испечати во 70.000 примероци без датум.