Почина Џон Махони, ѕвезда од серијата Frasier

Почина Џон Махони, ѕвезда од серијата Frasier

Американскиот актер Џон Махони почина на 78 години во Чикаго.

Од неговата служба за печатот, беше објавенo дека починал по кратка болест. Махони е познат по улогата на татко во хит-серијата Frasier.

Неговата колешка Пери Џиплин се сеќава како Махони пееше на нејзината свадба, но исто така и неговите најпознати улоги.

Махони е роден во Блекпул, Англија, се преселил во Америка и живеел во Чикаго. Неговата последна улога беше во серијата Hot in Cleveland.